Кристопанс и соиграчите немоќни против Италија

Денес продолжија квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022. Од групата 6, Италија на свој терен ја пречека Летонија и славеше убедливо со 26:17.

Уште од самиот старт, домашните ракометари ја одржуваа позитивата од четири до пет голови, за на крај да слават убедлива победа од девет голови разлика. На полувреме резултатот беше 13:8.

Италија одигра одлично второ полувреме и со добра одбрана, Летонците одвреме- навреме го пронаоѓаа патот до мрежата. Веќе во 45. минута престанаа сите надежи за гостите од Летонија.

Најефикасени во репрезентацијата на Италија беа Андреа Парисини и Томас Бортоли со по шест погодоци. Во репрезентацијата на Летонија се истакна Куснерс Ендијс со пет голови. Екс ракометарот на Вардар, Данис Криштопанс беше стрелец на еден гол на овој натпревар.

Репрезентациите на Летонија и Италија се во група со Белорусија и Шведска. Победата против Летонија е чекор плус за Италијанците кои сега ги запишаа првите бодови. На табелата Белорусија, Норвешка и Италија имаат по два освоени бодови, додека Летонија се уште ја чека првата победа.