Кристопанс го откри виновникот за неговиот трансфер во Фуксе Берлин

Откако си замина од Вардар и се приклучи на геманскиот Фуксе Берлин, Даинис Кристопанс веднаш ja потврди својата класа. На сите одиграни натпревари беше еден од најефикасните, а исто така е номиниран и за Ол Стар тимот за толку краток период.

По само две седмици во Германија ги собра симпатиите од сите, а за официјалниот сајт на Фуксе Берлин Летонецот го имаше своето прво интрервју. Тој ги сподели првите впечатоци од Бундес лигата, а исто така го откри и главниот виновник за неговиот ангажман во Берлин.

„Бев во контакт со Штефан Кречмар, не беше првпат да комуницираме, имавме контакти во последните години. После првите разговори сè помина навистина брзо. Штефан успеа да ме инспирира и сега сум среќен што сум тука“, рече Кристопанс.

Даинис Кристопанс ќе остане до крајот на сезоната во Фуксе Берлин и се очекува да биде од голема помош за што подобар пласман на „лисиците“ во Бундес лигата. Од наредната сезона тој ќе биде играч на ПСЖ според договорот кој го има потпишано со францускиот шампион уште пред една година додека беше во Вардар.