Крим создава дрим тим – доаѓа и Алисон Пино?

Раководството на Крим за следната сезона има големи амбиции и од тимот се очекува да направи голем успех во Лигата на шампионите со новите засилувања кои беа ангажирани на почетокот на февруари.

Словенечкиот портал „Рокомет“ најави дека нова ракометарка во редовите на Крим ќе биде репрезентативката на Франција, Алисон Пино. Французинката претходно ги носеше дресовите на Мулино, Мец, Валчеа, Крим, Ним, Баја Маре, Вардар, Брест Бретањ и Париз.

Поранешната ракометарка на Вардар моментално е членка на Будуќност и со клубот од Подгорица има договор до крајот на јуни. Доколку се реализира трансферот, Пино ќе биде третата ракометарка од Будуќност која ќе се пресели во шампионот на Словенија по Андреа Лекиќ и Барбара Аренхарт.

Во Крим освен двете ракометарки на Будуќност, договор за следната сезона потпиша и Драгана Цвијиќ од ЧСМ Букурешт.

Со клубот договорите ги продолжија и три клучни ракометарки кои се покажаа во одлично издание во Лигата на шампионите, Матеа Плетикосиќ, Јована Рисовиќ и Холанѓанката Харма Ван Креј. Се очекува и репрезентативката на Франција, Осеан Серсиен Уголин да остане во екипата за следната сезона. Веќе е извесно дека клубот ќе го напушти репрезентативката на Бразил, Самара Да Силва Виеира.