Кривокапиќ: Со Еурофарм Пелистер 2 секогаш е неизвесно, ќе одлучува одбраната

Во рамки од македонската Суперлига, тимот на Oхрид утре го пречекува Еурофарм Пелистер 2.

Ова е натпревар на четвртиот и петтиот тим на табелата, разликата е четири бода, па се очекува еден неизвесен дуел. Натпреварот од таборот на Охрид го најави ракометарот Филип Кривокапиќ.

„Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините на кои ќе бидат нашите „РИБАРИ” и навивачката група „Чкембари”. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено“

Натпреварот е важен и за двете страни, а Кривокапиќ очекува одбраната да биде еден од клучните фактори.

„Ова е значаен натпревар како за нас така и за нив. Крајниот исход ќе одчучува дали ние ќе ја задржиме 5 позиција и дали тие ќе де искачат на 3 позиција. Пред сѐ, мислам дека ќе одлучува одбраната. Многу е важно да одиграме јака и цврста одбрана со можност за полу-контра и контра напад до лесни голови. Имавме интезивни тренизи и видео анализа“

„Ја остваривме првата цел која ни беше зацртана, а тоа беше влез во плеј-оф. Нашите амбиции и желба во клубот да бидеме што погоре на табелата остануваат и понатаму. Се надевам дека ќе победиме и ќе славиме со нашата публика“, изјави ракометарот на Охрид.

Натпреварот се игра со почеток од 18:30 часот.