Краљевски ќе го носи Гоч во српската елита

Поранешниот тренер на Куманово, Црвена Ѕвезда и Динамо Панчево, наредната сезона ќе седи на клупата на Гоч од Врњачка Бања, пишува „Моцарт Спорт“.

Овој српски тим имаше амбиции минатата сезона да се врати во елитното друштво, но не успеа во плеј-офот, каде загуби од Врање.

Амбициите остануваат непроменети за претстојната сезона, а раководството се надева дека Краљевски ќе им помогне во мисијата.

Тој минатата сезона беше на клупата на Динамо Панчево, со кој играше и во Европа, а беше поврзуван со камбек во Црвена Ѕвезда.

Сепак, тренерот што има освојувано и трофеи со Куманово во Македонија, се реши за Врњачка Бања наредната сезона.