Кралот на головите, Кирил Лазаров поседува рекорд и во Келн

Капитенот и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров останува крал на стрелците во Лигата на шампионите, но останува и сопственик на голем број рекорди.

Со своите колеги од Нант, Лазаров се подготвува за ново учество на Ф4 во келн каде што ќе има нов настап, а досега има одиграно 12 натпревари.

На овие 12 средби Лазаров има постигнато 65 погодоци со кои е на врвот на листата, а има и еден од најдобрите просеци по натпревар од 5,42 гола.

Првите три позиции ги имаат играчи кои ќе настапат на овој турнир. Покрај Лазаров тоа се и Данецот Микел Хансен од ПСЖ и Исланѓанецот Арон Палмарсон од Барселона.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ НА Ф4 ВО КЕЛН

ТОП 10

65 гола/12 средби – Кирил Лазаров

60/12 – Микел Хансен

59/18 – Арон Палмарсон

58/16 – Момир Илиќ

56/12 – Филип Јиха

53/14 – Ласло Наѓ

49/14 – Иван Чупиќ

47/10 – Сирхеј Рутенка

47/14 – Виктор Томас

44/8 – Хуанин Гарсија