„Кралиците на шокот“ прашуваат – каде се 150.000 евра?

Женската репрезентација на Хрватска предводена од Ненд Шоштариќ го имаше првиот собир и ја започна последната фаза од подготовките во пресрет на Светското првенство кое ќе се игра во Шпанија од 1 до 19 декември.

Како бронзени од минатогодишното Европско првенство ракометарките на Хрватска сигурно ќе бидат едни од фаворитите за највисок пласман и на Свеското првенство. Веќе помина скоро една година откако го освоија бронзениот медал, а сè уште ја немаат добиено ветената нагдара од федерацијата на Хрватска, пишува „Спортске Новости“.

После остварување на големиот успех федерацијата на ракометарките им вети награда од 150.000 евра која беше објавена од јавноста, но и после 11 месеци ракометарките останаа со празни раце. Според зборовите на луѓето од федерацијата наградата ќе биде исплатена, но не може да се смени фактот дека ракометарките кои донесоа огромен успех за Хрватска мораат да чекаат толку долго.

„Хрватскиот ракометен сојуз секогаш бил транспарентен и ги почитува сите успеси на своите спортисти и спортистки. Повторуваме уште еднаш дека „Кралиците на шокот“ можат да бидат мирни и нашите бронзени девојки ракометниот сојуз на Хрватска нема да ги шокира и да ги остави без залужените премии“, гласи соопштението од федерацијата.

Хрватска на Мундијалот ќе игра во групата Г каде што за противници ќе ги има репзрентациите на Јапонија, Бразил и Парагвај.