Кој ќе го наследи Вардар на тронот: Барса, ПСЖ, Веспрем или Кил? (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар веќе е елиминиран од Лигата на шампионите и мораше да ја предаде круната, иако тоа не се случи на теренот.

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација, реши да ги откаже сите осминафинални и четвртфинални натпревари, меѓу кои беше и двобојот на Вардар и ПИК Сегед.

На завршниот турнир, кој ќе се одржи на 28 и 29 декември, среде следната сезона, ќе играат најдобрите четири екипи по завршувањето на групната фаза од ЛШ.

Тоа се францускиот ПСЖ, шпанската Барселона, унгарскиот Веспрем и германскиот Кил, а еден од нив ќе биде наследникот на Вардар на европскиот трон.