Кој против кого во Купот – ќе се знае утре на пладне

Утре на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе биде извршена ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија во машка конкуренција.

Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје се четирите екипи што ќе го чекаат својот ривал.

Ф4 турнирот оваа година ќе биде реприза на оној од 2019 кога Металург го освои трофејот бидејќи играат истите екипи. Лани Купот не се играше поради ситуацијата со коронавирусот.

Сезонава машкото и женското издание на Купот ќе се играат на едно место, а викендот што ќе биде резервиран за овие натпревари е од 14 до 16 мај.

Куп на македонија, распоред на натпревари:

петок, 14 мај
полуфинале 1 мажи
полуфинале 2 мажи

сабота, 15 мај
Вардар – Чаир
Куманово – Металург

недела, 16 мај
финале жени
финале мажи