Кој друг ако не Митревски – Македонецот е МВП на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација немаше дилеми околу изборот на МВП на 4. коло во Лигата на шампионите.

Големото признание го доби македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој имаше 15 интервенции на дуелот со ПИК Сегед.

Митревски ја имаше и најдобрата одбрана на колото по двојниот цепелин на унгарскиот тим и се најде во идеалниот тим.

„Никола Митревски е нашиот МВП. Се прашувате зошто? Погледнете го видеото“ – напишаа од ЕХФ…