Котевски: Сите што ме познаваат, знаат дека работам беспоштедно

Тимот на Голден Арт КЛ7 од денеска има нов тренер. Станува збор за Игор Котевски, некогашен македонски репрезентативец и ракометна легенда, кој успешно плива во тренерските води долги години.

Зад себе имаше успешна играчка кариера, а сега полека го збогатува сопственото CV и со проекти каде постигнал одлични резултати и како стратег на клупата.

„Благодарам на lлубот што ме ангажираше, најверојатно моите претходните резултати биле причина што мене ми ја дадоа довербата. Драго ми е што дојдов во еден стабилен и организиран колектив. Се недевам дека заедно ќе успееме во нашата цел, да изградиме играчи кои ќе бидат добар пример и во добро светло ќе го репрезентираат клубот и државата. Оние кои добро ме познаваат знаат дека кога работам се внесувам 100%, беспоштедно. Клубот постои неколку години, но сигурно сите имаат големо влијание и придонес за успесите и резултатите што досега се постигнати. Ќе работиме во тој правец со надеж дека ќе продолжам со успесите и патот по кој до сега одеше оваа млада екипа“, вели Котевски.

Котевски работеше во тимот на Македонија каде беше и тренер и играч, па во Драчево и го внесе тимот во Супер лигата, потоа беше во младинските категории на Пролет, потоа го внесе Бутел Скопје во суперлигашкото друштво, а последната година и пол ја мина на клупата на Металург РА.

Ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Суперлигата со КЛ7, а за ривали ќе ги има тимовите на Работнички, Младост Богданци, Прилеп, Тиквеш, Астраион, Радовиш и Работнички.

Голден Арт КЛ7 донесе ракометна легенда за тренер