Голден Арт КЛ7 донесе ракометна легенда за тренер

Откако се раздели со Андон Бошковски, тимот на голден Арт КЛ7 експресно донесе нов тренер што ќе го води тимот во плеј-аутот од Суперлигата.

Станува збор за Игор Котевски, некогашен македонски репрезентативец и ракометна легенда, кој успешно плива во тренерските води долги години. Зад себе имаше успешна играчка кариера, а сега полека го збогатува сопственото CV и со проекти каде постигнал одлични резултати и како стратег на клупата.

Тимот на ГА КЛ7 се сели од „Борис Трајковски“ и во иднина ќе тренира и ќе ги игра своите натпревари во „Јане Сандански“. Утре почнуваат и подготовките за продолжението на сезоната кога новиот тренер ќе ја има првата прозивка со играчите.

Котевски работеше во тимот на Македонија каде беше и тренер и играч, па во Драчево и го внесе тимот во Супер лигата, потоа беше во младинските категории на Пролет, потоа го внесе Бутел Скопје во суперлигашкото друштво, а последната година и пол ја мина на клупата на Металург РА.

Ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Суперлигата со КЛ7, а за ривали ќе ги има тимовите на Работнички, Младост Богданци, Прилеп, Тиквеш, Астраион, Радовиш и Работнички.

Тимот на Голден Арт КЛ7 е еден од најпреспективните тимови во Супер лигата, и сега за малку не влезе во разигрувањето за титулата.