Костоски: Добрата одбрана ни овозможи да постигнеме лесни голови

Тимот на Струга обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија, откако славеше над прволигашот Македонија Ѓорче Петров со убедливи 41-32.

Еден од најдобрите стрелци во победничката екипа, левото крило Ненад Костоски истакна дека главниот фактор за високата победа била цврстата игра во одбраната.

,, Уште во првиот дел ја оправдавме фаворитската улога и добрата игра во одбраната ни овозможи да постигнеме голем број на лесни погодоци од контра и полуконтра. Во ниту еден момент не дозволивме противникот да не изненади, одигравме рутински, ги користевме шансите и ги казнувавме грешките на ривалот, разликата во квалитет беше очигледна и во двете полувремина и на крај убедливо славевме”, изјави Костоски.

Следен предизвик за Струга е натпреварот против актуелниот шампион Вардар во рамки од последното коло од Суперлигата. Како што е веќе познато, тимот на Струга по завршувањето на регуларниот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут фазата.

Јанкуловски и Костоски комбинираа 13 гола, Струга не виде мака со Македонија ЃП