Костески одигра за „чиста десетка“

Тимот на Линц, каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, повторно е поразен во австрискиот шампионат.

Линц загуби на тешкото гостување кај составот на Кремс со убедливи 35-28, откако и на полувремето имаше негатива од три погодоци, 16-13.

Единствена светла точка во составот на Линц беше токму десното крило Костески, кој успеа да ја затресе мрежата на домаќинот десет пати.

Линц во следното коло ќе игра на домашен терен против тимот на Алпла Хард.