Костески маестрален со десет од десет, Митков меч-винер за Холабрун

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци – Никола Костески и Влатко Митков, забележа победа во Втората лига на Австрија.

Холабрун беше подобар на гостински терен од Тулин со 28-29, откако на полувремето беше нерешено, 14-14.

Македонците доминираа на теренот во Тулин. Костески имаше маестрална партија со десет гола од десет обиди и тоа сите од игра, а Митков погоди три пати.

Еден од погодоците на десниот бек беше победнички за бодови за Холабрун од незгодното гостување.