Костески и Митков доминираа на теренот, Холабрун со прв триумф

Тимот на Холабрун, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, забележа триумф во Втората лига на Австрија.

По неуспехот во првото коло и поразот дома, Холабрун во второто коло триумфираше на гости кај Грац со 32-26.

Македонските интернационалци ги имаа главните улоги на теренот и постигна половина од головите на победничкиот тим.

Митков беше прв стрелец со осум погодоци, додека Костески даде еден помалк – имаше вкупно седум.