Костески и Линц претрпеа нов пораз

Македонскиот интернационалец Никола Костески и неговиот Линц уште еднаш беа поразени во првенството на Австрија.

Линц загуби на домашен терен од екипата на Алпла Хард со 21:25, а по првото полувреме тимот на Костески имаше голема негатива, 9:15.

Во вториот дел домашниот тим успеа само да го ублажи поразот. Никола Костески одигра солиден натпревар, успеа да постигне два гола од три удари за својот тим.

Линц останува на последната позиција на табелата сè уште без триумф во новата сезона, а во следното коло има тешко гостување кај составот на Фиверс.