Костески игра во одлична форма – номиниран за најдобро десно крило во Австрија!

Македонскиот интернацоналец Никола Костески втора сезона го носи дресот на австрискиот Линц.

Како и лани, така и сега, десното крило е најдобар стрелец на Линц, а изминатиот викенд му ја донесе и првата победа на тимот.

Медиа тимот на австриска Спусу лига, го номинираше Костески за најдобро десно крило во досегашниот дел од сезоната.

Конкуренција на Костески ќе му бидат Гунар Прокоп од Кремс и Јулијан Ранфтл од Вест Виен.

Ќе се гласа со СМС за оние што имаат телефонски број од австриски оператор, а наскоро ќе биде отворено и гласањето на Фејсбук.