Костески без грешка, Линц загуби од Тирол

Тимот на Линц каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа пораз во 4 коло од австрискиот шампионат.

Линц загуби на домашен терен од изненадувањето на оваа сезона, Тирол, со 25-27, а на полувремето беше нерешено, 11-11.

Десното крило Костески на овој натпревар беше втор стрелец во неговиот тим и имаше пет гола од пет обиди.

Во следното коло Линц ќе има шанса да стигне до првата победа, на домашен терен ќе го пречека тимот на Ферлах.