Корона го зема данокот: По германска, и шпанска екипа се откажа од Лигата на Европа!

Откако германскиот Хановер во петокот најави дека нема да игра во новото издание на Лигата на Европа поради финансиски причини, денеска тоа го стори и шпанска екипа.

Станува збор за тимот на Логроњо Ла Риоха, за која потпиша екс вардарецот Домен Сикошек Пелко.

Шпанскиот тим во соопштението кое го објави вели дека се решил на таков чекор за да се задржи стабилноста на клубот во овие тешки времиња.

Претходно се откажаа екипи од Хрватска, Белгија, Словенија, Луксембург, Унгарија, па ќе видиме како ЕХФ ќе ги пополнува испразнетите места.