Корона вирусот го премислува Абало: Мојата кариера не може да заврши вака, не одам во пензија

Ракометарот на ПСЖ, кој веќе се смести меѓу легендите на францускиот и светскиот ракомет, Лук Абало долго најавува дека оваа сезона може да биде последна во неговата кариера.

Имаше најави дека би можел да се пресели во друга земја и да види како е да се игра, но и да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона. Се надеваше дека тоа ќе го направи со титула во Келн во Лигата на шампионите.

Десното крило од Франција, сепак, сега се премислува, а причина за тоа е Корона вирусот.

„Два дена се прашувам. Мојата кариера не може да заврши вака. Ќе размислам уште, но најверојатно ќе продолжам. Не е познато што ќе се случи во следните три месеци. Ако сè се смени и успееме да ја завршиме сезоната не чека нов предизвик. Сепак, она што во моментов можеме да го видиме не покажува дека нешто е средено и дека има надежи набрзо да се измени. Понекогаш треба само да го живеете денот. Ништо не се знае. Можеби летово ќе почнам нова сезона или можеби во јуни ќе се пензионирам. Ништо не се знае, но поверојатно е дека ќе играм уште“, изјави Абало.

Тој во моментов е дел од тимот на ПСЖ, каде што веќе имаат замена за него, но и понатаму е во одлична форма.