Коронавирусот се шири во Женската лига – два позитивни случаи во Пелистер!

По позитивните случаи на коронавирус во тимот на Деспина Прилеп, има нови позитивни ракометарки има во Пелистер, па РФМ веднаш одлучи натпреварот меѓу Стружанка и битолскиот тим да биде одложен.

Два случаи се веќе потврдени, додека останатите ракометарки се во изолација и очекуваат тестирање за да се утврди дали вирусот се раширил во клубот.

Слично како и во Суперлигата во машка конкуренција, РФМ веќе одложува натпревари и во Женската лига, а во петокот и дел од ракометарките на Ѓорче Петров има симптоми на Ковид-19, но се уште нема официјални информации дали и таму има позитивни случаи.

Дали македонската куќа на ракометот ќе се одлучи за прекин на Женската лига или само ќе ги одложува мечевите на тимовите кои имаат позитивни ракометарки останува да видиме следните денови.