Коронавирусот е уште тука, но во Рајн Некар ги пуштија влезниците за следната сезона

Иако оваа сезона речиси во сите земји мораше да заврши по административен пат поради коронавирусот, а за новата уште не е сигурно како ќе стартува и што ќе се случува, сепак, некои клубови веќе планираат како во новат сезона.

„Следната сезона нè очекува изненадување. Придобивките од сезонските билети се неспорни. Ако сакате да не придружувате на нашето патување наречено сезона 2020/2021 можете да го направите тоа со финансиски предности“, велат од клубот.

Ова е најава за пуштање во продажба на билетите за следната сезона, иако е неизвесно што ќе се случува и во новиот шампионат во однос на публиката. Јасно е дека секој продаден билет ќе носи приход и затоа од Рајн Некар уште сега се решени на ваков чекор и ги пуштаат сезонските влезници.