Коралес блескаше на голот, Веспрем рутински против Фленсбург

Ракометарите на Веспрем ја забележаа четвртата победа во петтото коло од Лигата на шампионите, откако славеа на домашен терен против Фленсбург со 28-23.

Уште на стартот беше 4-0, па 10-3 и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар до крајот. На пауза беше плус шест за унгарскиот вицепрвак, 14-8.

Во второто полувреме избраниците на Мајк Махулиа не направија ништо повеќе од тоа што намалија во неколку наврати на минус пет.

Коралес блескаше на голот, сите грешки на бундеслигашот беа казнувани со лесни голови од Штрлек, па Веспрем рутински ја задржа разликата и прослави убедлива победа.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Штрлек со седум гола, а по четири дадоа Јахја и Лауге, додека Коралес собра 14 одбрани. Кај Фленсбург се истакна залудни беа 14 одбрани на Буриќ и пет гола на Еинарсон.