Најконтроверзниот тренер му кажува збогум на ракометот!

Контроверзниот тренер од Романија, Георге Тадичи, кој има 72 години, најверојатно ќе ја заврши својата тренерска кариера, пренесува романскиот портал „ПроСпорт“.

Како една од причините за неговото откажување се споменува немањето фер ривалство во домашното првенство.

Како што е веќе познато, поголемиот број на клубовите од Романија во женска конкуренција во последните неколку сезони целосно се потпираат на странски играчи.

Токму поради тоа, екс селекторот на Романија имаше низа критика и неколку предлози со цел да се органичи бројот на странски играчи во најскапата лига на светот.

Тадичи во последните две сезони беше на мета на романската ракометна јавност, откако на неколку дуели имаше непрофесионален однос кон своите ракометарки.

Искусниот стратег со тимот на Залау успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Романија.

„Плаќаме на странци и по 17.000 евра месечно, а нашите немаат каде да играат“

 

СКАНДАЛ во Романија – Тадичи ги загуби нервите, нападна ракометарка среде натпревар (ВИДЕО)