Конго испиша историја, Чешка ја доби драмата против Словачка

Репрезентацијата на Конго направи изненадување на Светското првенство во Шпанија и со победа од 33:24 против Тунис успеа да се пласира во главната фаза. Ваквиот резултат претставува историски успех за Конго бидејќи африканската земја на досегашните Светски првенства немаше обезбедено пласман во следната фаза. Тунис по разочарувачкиот настап ќе се пресели во Президент купот.

После големото надигрување, посебно во вторите 30 минути и резултатската неизвесност во текот на целиот натпревар, Чешка ги собра важните бодови во дерби натпреварот од Групата Е против Словачка и со победа од 24:23 обезбеди пласман во главната фаза.

Репрезентацијата на Бразил продолжува со одличните настапи во Шпанија. Поранешниот светски првак од 2013 година во својот трет натпревар оствари рутинска победа против Парагвај со резултат 33:19.

Бразилките уште од самиот почеток ја покажаа својата доминација на терен и не дозволија ни најмал отпор од страна на нивниот сосед. На полувреме резултатот беше 20:7 за Бразил. Избраничките на Кристиано Силва во вториот дел рутински ја одржуваа стекнатата предност.

Покрај Бразил, уште една репрезентација од Јужна Америка избори место меѓу најдобрите 24 репрезентации, а тоа е Аргентина која имаше лесна задача против Кина и оствари висока победа од 36:24.

Резултати, 3. коло:

ТУНИС – КОНГО 24:33 (9:18)

БРАЗИЛ – ПАРАГВАЈ 33:19 (20:7)

ЧЕШКА – СЛОВАЧКА 24:23 (15:14)

АРГЕНТИНА – КИНА 36:24 (17:9)