Комити пристигнаа, Вардар веќе не е сам во битолскиот вулкан

Еурофарм Пелистер и Вардар го играат клучниот натпревар кој ќе го одлучи новиот шампион на Македонија.

Салата „Боро Чурлевски“ е исполнета со прекрасна атмосфера, дополнително убавина на дербито ќе му дадат и гостинските навивачи.

Комити пристигнаа во салата и некаде околу десетата минута од натпреварот и веднаш предизвикаа бурна реакција од домашните навиачи.

Се очекува голема борба како на теренот помеѓу ракометарите така и на трибините помеѓу навивачите.