Комити: Кога ќе дојдат вакви моменти, убаво е да се присетиме на двете титули!

По тешкиот пораз на Вардар на гостувањето кај Келце со 35-25 во осмото коло на Лигата на шампионите, се огласи навивачката група „Комити“ на социјалните мрежи.

„Кога ќе дојдат вакви моменти, убаво е да се присетиме на голот на Циндриќ со Барса… Голот на Чупиќ во последна секунда за првата титула Европски првак…Ќе се сетиме на антологискиот кам-бек против Барса по негатива од 8 гола. Ќе се сетиме дека во финале на Веспрем не им дозволивме да ни се приближи повеќе од гол разлика од почеток до крај…

Ќе се сетиме на пречеците на Аеродром и на Плоштад. Ќе се сетиме дека во 3 години закачивме две ѕвезди на нашите дресови!

Ќе се сетиме дека титулите ги освоивме со срце и со карактер, не затоа што тоа беше лесно, туку затоа што беше тешко! Ќе се сетиме дека сите ние Верувавме!“, напишаа „Комитите“.