“Кометал е љубов засекогаш”

Неверојатен сплет на околности и игра на судбината ја носат Андријана Будимир во Македонија и во редовите на клубот за кој вели дека е нејзина љубов засекогаш и во кој таа станала играч – Кометал Ѓорче Петров.

„Трансферот во Кометал е шанса која на играч еднаш или двапати во кариера може да ти се случи и која треба да знаеш да ја искористиш. Слаѓана Дрониќ, која беше прв играч на мојата позиција во тогашниот мој клуб Напредак Крушевац се повредува на една недела пред дуел со Кометал во ЛШ и јас морам да играм. На двата натпревари имав по десет гола и тоа ми го донесе трансферот. Кометал го елиминираше Напредак, а јас станав негов играч. Но тоа е спортот, на еден ќе му се стемни, на друг ќе му се раздени. Во Кометал ги минав најубавите години во мојата кариера, тоа е љубов засекогаш. Тие играчи со кои играв ме направија и мене играч. Имав и потоа одлични сезони, но ништо не може да се спореди со Кометал. Знаете, не сакав да си одам од Кометал, тука се чувствував како дома, многу ми беше убаво, но со Вања Бојков не можевме да се договориме за смешна цифра. За 5.000 марки беше проблемот и отидов во Подравка за трипати повеќе отколку што барав во Кометал. Јас реално не знаев ни колку вредам, додека не заминав. Парите не ми беа приоритет, сакав да останам, но истовремено сакав и да ме ценат, без оглед што бев млада. Тој ми велеше тоа се многу пари за тебе, ти си мала.“

Комплетното интервју со Андријана Будимир прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ АНДРИЈАНА БУДИМИР: Сакам како селектор на машка репрезентација да освојам медал на големо натпреварување