Коловска и Михаловце со една нога во полуфинале на Европскиот Куп

Репрезентативката на Македонија, Александра Коловска, која настапува во словачкиот шампион Михаловце, заедно со својот тим се наоѓаат пред пласман во полуфиналето од Европскиот Куп, откако во првиот четвртфинален дуел против Јарослав триумфираа со 12 гола разлика, 37:25 (20:9).

На овој натпревар Коловска постигна еден гол од еден обид и одигра одлично во одбраната. Реванш дуелот, кој ќе се одигра на 18 февруари, ќе биде само формалност, во која тимот на ракометарката од Македонија ќе го завери пласманот меѓу најдобрите четири екипи.

За потсетување, тимот на Јарослав во осминафиналето во Купот на Европа стигна откако го елиминираше актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров.

Во споменатото натпреварување, дерби дуелот меѓу екипата на Мадеира и Гуардес заврши со победа на тимот на Мадеира од 30:26 (11:14). Вториот претставник од Португалија во третото по ранг европско натпреварување на реванш дуелот ќе има солидна залиха од четири гола и ќе може да се надева на пласман во полуфиналето.

Како што е веќе познато, турскиот двобој во Европскиот Куп меѓу Коњалти и Измир е одложен поради ситуацијата во Турција, додека утре ќе играат Елче и Хихон.

Во рамки од Лигата на шампионите денес беа одиграни два дуели од последното коло од групната фаза. Актуелниот европски првак Вајперс Кристијансад на гостувањето во Франција кај Брест Бретањ триумфираше со 36:29. Иако тимот од Норвешка уште од поодамна го имаше обезбедено директниот пласман во четвртфиналето, сепак, во дуелот со францускиот тим не дозволи да биде поразен и ги одржа шансите на Крим за понатамошен пласман.

Речиси сите патници во осминафиналето во елитното натпреварување се познати, а во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали екипата на Крим Меркатор, во која настапуваат трите поранешни ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Алисон Пино, ќе биде последниот патник во осминафиналето.

Крим Меркатор е на 7. позиција на табелата со десет бода, исто број на бода има Битигхјам, кој утре ќе се сретне со „фенерџијата“ Бањик Мост. Доколку Крим и Битигхјам победат во утрешните дуели, тогаш двете екипи со Брест Бретањ ќе имаат по 12 бода, но тимот на Крим Меркатор поради подобрата меѓусебна разлика ќе биде петто место, Брест Бретањ ќе заврши на 6. позиција и ќе се пласира во осминафиналето, а Битигхјам ќе ја заврши европската авантура.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 14. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БРЕСТ БРЕТАЊ – КРИСТИЈАНСАД 29:36 (15:17)

ОДЕНСЕ – ФТЦ (12.02)

БИТИНГХЈАМ – БАЊИК МОСТ (12.02)

КРИМ – ЧСМ (12.02)

ГРУПА Б 

ЃЕР – ЕСБЈЕРГ 29:28 (12:11)

БУДУЌНОСТ – КАСТАМОНУ (ОТКАЖАН)

РАПИД – ЛОК. ЗАГРЕБ (12.02)

СТОРХАМАР – МЕЦ (12.02)

Во рамки од групната фаза во Лига на Европа победа остварија екипите на Борусија Дормунд, Никобинг, Валчеа и Шиофок.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 5 КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

МОЛДЕ – ДОРТМУНД 24:32 (8:17)

ШИОФОК – БЕЗАНСОН 20:18 (12:9)

ГРУПА Б

НАНТ – ИКАСТ (12.02)

ФАНА – МОШОНМАЃАРОВАР (12.02)

ГРУПА Ц

НИКОВИНГ – ДЕБРЕЦЕН 34:22 (14:10)

ПОДРАВКА – СОЛА (12.020

ГРУПА Д

ВАЛЧЕА – ПАРИЗ 30:28 (12:12)

ТУРИНГЕР – ВАЦ (12.02)