Колку пари може да заработат Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје од европските настапи (ФОТО)

Европската ракометна федерација го смени форматот на европските купови, а тоа донесе и нови критериуми и барања за екипите кои ќе учествуваат. Направени се промени и во наградните фондови за победниците, но разликата помеѓу мажите и жените е голема. Во новиот формат на натпреварувања екипите ќе се борат за поголем износ на награди. Победникот во Лигата на шампиони за мажи ќе добие награда од 1.000.000 евра, додека во женска конкуренција наградата изнесува околу 400.000 евра само доколку освојувачот победи на сите натпревари.

На гостинските натпревари екипите ќе имаат обезбедено парични средства за патните трошоци и сместувањето. Бонусите за резултатите и освоените бодови се драстично различни кај мажите и жените, односно момците ќе добиваат пет пати поголем износ  победа или освоен бод. Во Лигата на Европа паричните средства ќе се доделуваат само во групната фаза.

Покрај тоа ЕХФ одреди денови во кои ќе се играат натпревари од секое натпреварување. Лигата на шампионите за мажи ќе биде на програмата само во среда и четврток во термините од 18:45 часот и 20:45 часот, додека девојките ќе играат за викенд. Во сабота термините се од 16:00 и 18:00 часот, а во недела од 14:00 и 16:00 часот. Лигата на Европа кај мажите ќе се игра само во вторник во истите термини како и ЛШ, додека кај дамите останува за викенд како ЛШ во истите термини. ЕХФ Купот и кај мажите и кај жените ќе се игра за викенд само со елиминациски средби.

ЕХФ воведе и високи критериуми кои треба да ги исполнат екипите за настап во европските купови. Секој клуб може да има најмногу два спонзори на реклами во салата за време на натпреварите, а не како до сега што беше осум. Секоја сала треба биде опремена со видео монитор на кој ќе бидат прикажувани слики и општи информации за натпреварот. Капацитетот на салите за мажи е минимум 2.500 места, додека за жени е 2.000 места.

Вардар ќе биде македонски претставник во Лигата на шампионите, а во Лигата на Европа ќе играат Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, додека во ЕХФ Купот не ни следува место според ранкингот. Кај дамите, Куманово ќе игра во ЕХФ Купот, доколку европската куќа направи исклучок, бидејќи според рејтингот имаме право само за настап во Лигата на Европа (шампионот Металург се откажа од местото во ЛШ). Покрај Куманово, има интерес за настап и од Чаир и Пелистер за ЛЕ.

Ждрепката за ЛШ веќе се одржа, а за другите европски купови ќе се одржи на 28 јули. Во продолжение погледнете колку пари може да заработат македонските претставници во ЛШ, ЛЕ и ЕХФ Купот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ МАЖИ

ЛИГА НА ШАМПИОНИ ЖЕНИ

ЛИГА НА ЕВРОПА МАЖИ

ЛИГА НА ЕВРОПА ЖЕНИ

КУП НА ЕХФ МАЖИ/ЖЕНИ