Колку заработуваат ракометарите на унгарскиот гигант – екс вардарец е најплатен во Веспрем! (ФОТО)

Според истражувањето на „Handball TV“ најплатен ракометар во минатата сезона во унгарскиот гигант Веспрем е поранешниот вардарец, Вуко Борозан, со месечна плата од 27.500 евра.

Второто место го делат Расмус Лауге, Мате Лекаи и Арпад Штербик со месечна заработувачка од 25.000 евра.

Истражувањето е направено за платите што ги заработувале ракометарите од 2014 до 2020 година, а во ТОП 15 листата се наоѓа уште еден екс вардарец, Рожерио Мораес Фереира со плата од 16.500 евра.

Во ТОП 15 листата за последните шест години на плати во Веспрем, го нема македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.