Кокшаров требаше да го „оправи“ Вардар – но и тој губи „дебело“ (ФОТО)

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров дојде како принудна и брза замена за Давид Писонеро на кормилото на Вардар откако „црвено-црните“ претрпеа пораз на домашен терен од екипата на Кил од 20:31 на 12 октомври.

Тој дојде во момент кога Вардар требаше да гостува кај Веспрем, а следуваше уште еден висок пораз овој пат од 30:39 на гостувањето во Унгарија. Потоа следуваше тешка победа над Мешков Брест од 36:31, па реми против келце на домашен терен.

Сепак, после после ова работите не одеа најдобро. Вардар влезе во серија на нови лоши резултати и имаше две катастрофи. Прво на гостувањето во Полска кај Келце беше забележан пораз од 25:35, а потоа и денеска во Белорусија кај Мешков Брест од 22:31.

Со ова Вардар си ги намали шансите да биде и во првата четворка ако се знае дека следуваат нови тешки дуели. До крајот на овој дел од сезоната прво е дуелот со Веспрем во Скопје на 1 декември, а потоа во февруари и март ќе се гостува кај Кил, па дома против Мотор, гости кај Порто и дома против Монпелје. Сите се тешки средби така што сегашното 6. место дури и ќе мора да се брани ако се сака пласман во осминафиналето.