Кокшаров: Секоја победа носи чекор напред – секој пораз чекор назад!

Ракометарите на Вардар ги очекува седмиот натпревар од Лигата на шампионите против полскиот првак Келце. Меѓусебните двобои меѓу двете екипи секогаш биле неизвесни, а така се очекува да биде и овојпат. Тренерот Едуард Кокшаров очекува тежок натпревар.

“Не чека тежок натпревар против Келце. Ја знаеме ситуацијата во групата, сите екипи се блиску и секоја победа може да те однесе напред, а секој изгубен меч може да те врати назад. Имаме многу повредени играчи, но размислуваме само на победа. Наптреварот ќе покаже што и како ќе биде. Се уште ја следиме состојбата на играчите и дури утре ќе знаеме кој може да игра кој нема да биде во составот”, изјави Кокшаров. 

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра в сабота во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 17:30 часот.