„Кога ќе бидам во пензија, сигурно ќе се сеќавам на оваа сезона“

Откако пред дваесетина дена беа стопирани пониските лиги во Франција, ракометната федерација во земјата прогласи крај и на најдобрите лиги, па така ПСЖ беше прогласен за шампион.

Голманот на старо-новиот шампион Родриго Коралес, за marca.com го коментираше означувањето на крај на шампионатот порано од очекуваното.

„Разбирам дека ова е многу тешка одлука, но ако не може да се гарантира безбедноста на играчите, натпреварувањето треба да престане. Ги одбивме бонусите за освојување на титулата. Ова не е време да мислиме што се случи со првенството. Кога ќе бидам во пензија ќе се сеќавам на оваа сезона и околностите во кои заврши“, кометнираше Коралес.

Родриго Коралес на крајот на сезонава ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во шампионот на Унгарија, Веспрем.

Тој ќе го сочинува голманскиот пар заедно со Владимир Цупара. Шпанецот претходно има настапувано за Барселона, Хуеска и Висла Плоцк. На последното европско првенствот го освои златниот медал со неговата репрезентација.