„Кога се видов во огледало, не се препознав – кујната во карантин е Бермудски триаголник“

Евгениј Трефилов е долгогодишен селектор на женската репрезентација на Русија, а сега работи како потпретседател на руската федерација и е почесен претседател на Кубан Краснодар.

Трефилов во изјава за рускиот „Брз Центар“ раскажа како го поминува времето во изолација и кои му се главните проблеми.

Кога се видов во саботата во огледало се исплашив, доколку продолжам вака нема да се препознавам. Затоа сега се обидувам да не јадам ништо. Кога преминувате од спортски живот на живот во домот, во принцип е страшно да влезете во кујната тоа е вистински Бермудски триаголник. Добро е што нема тросед инаку целиот живот би го поминал помеѓу троседот, тоалетот и фрижидерот“, рече Трефилов.

Заради мерките за заштита од коронавирусот, Трефилов не излегува од дома односно тоа го прави многу многу ретко.

„Јас сум дома во Краснодар, во саботата беше дозволено да излеземе надвор и сите беа надвор, имаше многу луѓе по улица и автомобили. Се обидувам да излегувам што е можно поретко. Излегов еден час и веднаш се вратив дома. Дури и до маркет оди сопругата, таа ја презема таа работа“, изјави Трефилов.

Тој има срцеви проблеми бидејќи имаше претрпено инфаркт, па оттаму и мора да внимава за да не се зарази со корона која може да предизвика дополнителни несакани последици.