Кога ракометарот ќе стане полицаец

Капитенот на Динамо Букурешт, Дан Савенко, кој за време на вонредна состојба во Романија, работи како полицаец, за prosport.ro изјави дека неговите сограѓани не биле сериозни за карантинот.

Иако Динамо требаше да игра осминафинале во ЛШ против ПСЖ, сепак тие дуели беа откажани, па Савенко мораше да се посвети на други работи.

Не изреков парични казни, не си дозволив да казнувам. Колегите казнуваат. Луѓето не разбираат, дури и ако им објасните добро односно дека тоа се однесува на нивното здравје и здравјето на другите. Јас разбирам дека оваа ситуација е фрустрирачка. Јас исто така живеам во стан со две мали деца, но мора да останеме дома. Мислам дека не треба да ја искомплицираме ситуацијата сега, кога останува толку малку. Искрено, очекував дека многу повеќе луѓе ќе ја разберат ситуацијата. На почетокот сите беа многу исплашени, но беше прилично краток период кога ги почитуваа правилата. Многумина веќе не се придржуваат кон забраната за движење. Но, никој не е испратен да војува и да живее во шума. Само треба да останете дома и да ја вклучите вашата фантазија за да го олесните овој пат“, изјави Дан Савенко.

Откако се врати на својата професија, Савенко истакна дека би сакал да работи повторно како полицаец по завршувањето на кариерата.

„Дали ќе продолжам да работам како полицаец? Не знам, ми се допаѓа, би сакал целосно да се посветам на оваа професија откако ќе завршам со играње ракометно никогаш не можете да знаете точно каде ве води животот“, заврши Савенко.

Тој полека се навикнува на професијата полицаец, па ќе му биде навистина тешко кога ќе треба да се врати назад и да продолжи да го предводи тимот во нови предизвици.