Кога нема кој, тука е тој: Лазаров, како секогаш, ја завршува работата за Македонија (ВИДЕО)

Машката репрезентацијата на Македонија со убедлива победа од девет погодоци над Финска, 33-24, ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Најдобар поединец на теренот беше капитенот Кире Лазаров, кој постигна 11 погодоци.

Во можеби неговата последна сезона од кариерата, десниот бек по којзнае кој пат покажа дека прави голема разлика на теренот во полза на Македонија.

Од медиа тимот на Европската ракометна федерација го потенцираа значењето на Лазаров за националниот тим.

„Жива легенда! Кире Лазаров, како и секогаш, ја заврши работата за Македонија на натпреварот против Финска“, напишаа на социјалните мрежи.