Кога Македонка ќе ја „фати“ машинката – отиде главата на Гурбиндо (ФОТО)

Во време на ширење на коронавирусот, спортисти како и сите други луѓе најголем дел од времето го минуваат дома.

Фризерските салони се затворени одамна, па мора да се најдат алтернативни начини на средување на косата.

Шпанскиот репрезентативец и соиграч на Кире Лазаров во францускиот Нант, Едуардо Гурбиндо, има свој личен фризер – и тоа македонски, а станува збор за неговата девојка од Свети Николе – Елена Милева.

Едуардо ја објави фотографијата на социјалните мрежи и предизвика лавина интересни коментари од неговите соиграчи.