„Кога Вардар се одлепи, беше тешко да се вратиме“

Ракометарите на Вардар одиграа одличен натпревар во 4. коло од Лигата на шампионите, а паузата очигледно влијаела позитивно.

Со 31:26 го надиграа досега несовладаниот Флензбург и на тој начин му го нанесоа првиот пораз на тимот од Германија.

Капитенот Ласе Сван вели дека било тешко да се брка Вардар.

„Не ги направивме работите за кои се договоривме пред мечот. Имавме доста грешки. Но, мислам дека овој тим покажа морал, затоа што успеавме да се вративме од негатива од четири гола и изедначивме рано на стартот на второто полувреме. Потоа, Вардар пак се одлепи и беше потешко да се брка. Мора да се подготвуваме подобро за следните мечеви, ќе се обидеме да бидеме подобри“, изјави Сван.

Фленсбург следниот натпревар ќе го игра на домашен терен против Елверум.