„Кога бев вардарец, ми беше забрането да шетам на Широк сокак, а потоа Комити ме ’плукаа’ носејќи го мојот дрес“

Во својата играчка кариера Александар Петровски го носел дресот на трите најголеми македонски клубови, Пелистер, Металург и Вардар. Некој го знае тоа, некој не, па поради тоа вели дека многупати се наоѓал во комични ситуации во кариерата.

„Пелистер и Битола ми се дома. Кога ја освоивме првата титула со Пелистер на раце не изнесоа од сала, не славеја. Потоа кога играв за Вардар ме мразеа од дното на душата и еден период ми беше забрането да се шетам на ’Широк сокак’, не беше препорачливо (се смее). Најсмешно беше кога играв во Вардар, кога ќе гостувавме во другите градови, а публиката скандираше скопски педери. Ние од 12 играчи во екипа имавме шест битолчани, Колев од Кавадарци, двајца Грузијци, еден Украинец и остануваа само двајца скопски играчи. Пресмешно беше!“

Потоа и како тренер на Металург ќе се соочува со слични ситуации.

„Уште една анегдота од легедарните натпревари во ’Борис Трајковски’ кои ги играа тогаш Металург и Вардар. На една трибина беа Комити, на друга навивачи на Металург. На полувреме со Червар одиме кон соблекувална и еден од помладите членови на Комити така сочно не навредуваше со пцовки. Кога го погледнав видов дека дресот кој го носи е од стара гарнитура на која стоеше моето презиме. И кога му укажав на тоа, комплетно се збуни, а по мечот и спортски се поздравивме.“

Целото интервју со Александар Петровски прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВСКИ: Делам љубов за три клуба – Пелистер, Металург и Вардар