АМС најави: Пари ќе добијат сите спортисти – и вработени и хонорарци, ваучерите важат и понатаму!

Ангажирани спортисти, спортски работиници и работници во администрацијата во клубовите, вработени или со хонорарни или друг вид на договорои ќе можат да бидат корисници на мерките на Владата за олеснување на кризата предизвикана од коронавирусот.

Сите што сакаат да ја користат мерката (плата од 14.500 денари за април и мај) ќе треба да се пријават на апликацијата која ќе биде поставена на официјалните страници на Агнецијата за млади и спорт и на сите спортски федерации. По пополнувањето, апликацијата треба да биде доставена до матичната спортска федерација, а од таму ќе биде проследена до Агенцијата за млади и спорт.

„Направивме голем број консултации со спортски работници и со националните федерации и увидовме дека поголем број од спортистите се ангажирани со договор на дело или со друг вид договор и затоа со уредбата на Владата сега ќе прочитате дека дополнително се опфатени и овие лица. Целта е да бидат што е можно поголем број на спортисти, стручни лица да бидат опфатени и да добијат средства од буџетот и за да можеме заеднички да ја надминеме кризата“, истакна Каевски.

Директорот на агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски најави и дополнителен пакет мерки за помош. Клубовите кои имаат регистрирано најмалку 40 спортисти во младинските категории во индувидуалните спортови и најмалку 80 регистрирани спортисти во младинските категории во екипните спортови, ќе добијат по 14.500 денари за месеците април и мај.

Агенцијата ќе побара 50 проценти намалување на цените за корситење на спортските објекти и ќе обвозможи ослободување на клубовите од плаќање на котизации и членарини за 2020 година.

Директорот Каевски објасни и дека продолжува важењето на спортските ваучери, но со оглед на намалениот финансиски потенцијал на компаниите што треба да вложуваат во спортот преку реализацијата на ваучерите, најави дека АМС и Владата на Република Македонија ќе преземат низа мерки за подобра реализација на ваучерите.