Клубовите што вложуваат во млади играчи ќе добиваат повисока тренинг компензација од трансфери

Европската ракометна федерација ги извести ракометите федерации за одлуката на извршниот комитет на ЕХФ за новите правила за трансфери меѓу федерациите и за промената на валутата за исплаќање на трансферите од швајцарски франци во евра.

Со својот допис ЕХФ, освен што ги потсети федерациите дека клубовите што продуцираат млади играчи имаат право на тренинг-компензација за играчите од 16 до 23 години при премин од еден во друг клуб во својата или во друга држава, таа од 1 јули 2020 година ја зголеми оваа задолжителна сума од 1.131 евро за аматери, додека за оние што имаат професиоанлен договор е двојно повеќе.

Предвидената сума доаѓа како компензација за едукацијата на младите играчи и вложувањето во нив од аспект на едукација, работа, тренинзи, натпревари и награда на клубот што го создал играчот.