Кире со тројка, Нант со победа против Монпелје

Дерби средбата во Франција меѓу тимовите на Нант и Монпелје финишираше со победа на домашните до 34:28 со што уште еднаш се виде дека Кире и колегите ја креваат формата како што поминува времето.

Екипата на Нант имаше контрола на оваа средба и беше во предност така што немаше поголем проблем околу победата. Мораше добро да се одработи овој дуел за да се оствари целта, а тоа домашните успеаја и да го остварат.

Лазаров на оваа средба имаше реализација од 75 проценти. Тој ја заврши средбата со три гола, кои ги постигна од игра.

Ривера и Монар беа најефикасни со по пет гола, додека голманот Нилсен имаше 13 интервенции. Во Монпелје, Бонефо имаше само пет одбрани, додека Бос беше најефикасен со шест гола.