Кире Лазаров со донација во борбата против коронавирусот! (ФОТО)

Македонија како и сите држави во светот се бори со пандемијата коронавирус, а голем дел од светските спортисти испратија донации до здравствените институции.

Во нашата држава по фудбалерот Горан Пандев и неговите соиграчи од националниот тим, донираше и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.

Тој донираше средства за набавка на маски со филтри и скафандери за лицата што работат во здравствениот дом „Гаврило Гаврилски“ во неговиот роден град Свети Николе.

Се надеваме дека и други спортисти ќе ги следат примерите на Пандев и Лазаров.