Кире Лазаров на средба со идолот од детството – евоцираа спомени со Душан Новокмет

Суперлигашот Алкалоид ги заврши подготовките во Србија, а на последната контролна средба играше против УБ од Ваљево.

Во овој српски град живее некогашниот македонски репрезентативец и легенда на Пелистер, Душан Новокмет.

Средбата беше искористена за евоцирање на спомени од минатото кога патиштата на Новокмет и Кире Лазаров се вкрстија во Битола. Едниот беше на заминување, а сегашниот тренер на Алкалоид и македонски селектор доаѓаше во Пелистер.

Лазаров во една прилика изјави дека Новокмет е негов идол од детството и ракометар од кој научил многу.

Новокмет, кој ја објави заедничката фотографија на Фејсбук, беше дел од битолски Пелистер од 1993 до 1998 година, доби македонски пасош и играше на ЕП 1998 во Италија во дресот на Македонија, а потоа се пресели во италијанскиот Џенерали Трст.