Кире Лазаров има место меѓу легендите на Веспрем (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров беше дел од унгарскиот гигант Веспрем цели пет сезони и навивачите на овој клуб се уште во суперлативи зборуваат за десниот бек.

Тој има свое место меѓу легендите како Јозеф Елеш, Карлос Перез, Герго Иванчик и Иштван Паштор, а медиа тимот на унгарскиот тим не пропушта можноста да се потсетува на своите најдобри стрелци низ историјата.

Вчерашниот натпреавр кој Веспрем го доби на гости кај Балатонфуреди со 30-33 беше значаен за десното крило од Словенија, Гашпер Маргуч, кој го мина легендарниот Ласло Наѓ на вечната листа на стрелците во унгарскиот клуб и сега има 914 голови.

Од активните ракометари во Веспрем кои може да бидат закана за Лазаров се уште Нилсон и Маргуч, бидејќи останатите како Гајиќ и Терзиќ заминуваат на крајот на сезоната.