Кипар испишува историја, првпат ќе има екипа во полуфинале од европски куп

Екипите од Кипар секогаш биле лесен плен за нивните противници во европските натпреварувања, но оваа година составот на Анортозис Фамагуста испиша историја за кипарскиот клупски ракомет.

Анортозис Фамагуста за противник во четврт-финалето од Европскиот куп ја имаше незгодната екипа на Баја Маре од Романија. На првиот натпревар славеше тимот од Кипар со 27:22, додека на вториот на победа се радуваше Баја Маре со 23:18.

Во конечниот исход двете екипи беа со бројка од 55 постигнати голови, но Фамагуста обезбеди билет во полуфиналето поради повеќе постигнати гола на гостински терен. До полуфиналето стигнаа со победите против Баја Маре, Ферлах, Бејкоз и Сокол.

Анортозис Фамагуста во полуфиналето од Европскиот куп ќе игра против шведскиот претставник Иштад. Во второто полуфинале ќе се сретнат Горење Велење и АЕК Атина. Првите натпревари се закажани за 17 април, а реванш дуелите за една недела подоцна.