Кил одигра натпревар по 165 дена, Сагосен со деби за „зебрите“

Германскиот Кил по 165 дена одигра натпревар. Избраниците на Филип Јиха славеа на тестот против третолигашот Алтенхолц со 43-34.

„Зебрите“ сепак не беа толку доминантни, бидејќи во првиот дел беше само нерешено, 17-17.

Деби за новиот тим имаше норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен, кој успеа да погоди два пати.

Никола Билик беше најдобар стрелец со шест погодоци, а Магнус Ландин постигна пет голови за победничкиот тим.