Кил во нови проблеми – Без Никлас Ландин на гостувањето во Скопје?

Голманот на екипата на Кил, Никлас Ландин може да го пропушти натпреварот против Магдебург викендов во Бундес лигата, како и средбата против Вардар во Лигата на шампионите в среда во Скопје.

Ландин се повреди на дуелот против Пик Сегед и не можеше да го заврши натпреварот на терен така што постои голема можност да го нема во составот на играчите кои ќе допатуваат во Скопје следната седмица.

„За време на натпреварот со Пик Сегед Ландин се пожали на повреда во мускулот. Тој не можеше да ја продолжи играта. Затоа подоцна не се врати во игра. Се наоѓаме во тека ситуација. Постојано ми снемуваат играчи во тимот“, вели тренерот Филип Јиха.

Под знак прашалник се и Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд кои се позитивни на Ковид 19. Инаку, натпреварот во Скопје се игра в среда од 20:45 часот.